Приведен кумановец за кражба во здравствена установа
На 11.01.2021 година во 11.30 часот на улица "Филип Втори Македонски" во Скопје од слобода е лишен Г.П.(33) од Куманово, сторител на повеќе кривични дела. По извршен разговор, Г.П. признал дека на 21.12.2020 година во приватна здравствена установа лоцирана на подрачје на Кисела Вода во Скопје, извршил кривично дело "кражба" при што од чанта одзел новчаник во кој имало 15,000 денари како и две платежни картички.
По извршеното кривично дело со едната картичка купил производи во вредност од 30,000 денари додека со другата имал неколку неуспешни обиди за купување.
По извршениот разговор, од лицето се одземени неколку картички од банки кои не се на негово име, одземени се исто така и парични средства. Кај Г.П. исто така е пронајдена и бела прашкаста материја.
Против него, по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен