Македонија
16. October 2020 - 9:56

Приведен кумановец за доиздржување затворска казнa од околу три години

На 15.10.2020 во 21.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го привеле Ф.З.(26) од Куманово за доиздржување казна затвор од две години и 11 месеци во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. За него била распишана потерница за осудено лице кое избегало од затвор, осудено за сторено кривично дело по член 418 и по член 131 од Кривичниот законик.