Приведен криумчар, пронајдени мигранти од Сирија
На 26.09.2022 во 00.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кратово го лишиле од слобода С.С.(20) од с.Туралево, кратовско. На 25.09.2022 во 17.45 часoт на регионалниот пат Р-1105, во правец на крстосница Богданци - с.Фурка, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран го забележале С.С. како со возило „фолксваген туран“, со кумановски регистарски ознаки, превезува лица мигранти.
Полициските службеници успеале да го стигнат, по што тој и неколку мигранти побегнале од местото, а во возилото биле пронајдени три лица мигранти од Сирија. Увид на местото извршиле инспектори од Одделението за прекуграничен криминал Гевгелија и екипа од Полициската станица Гевгелија. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, возачот бил пронајден и приведен во полициска станица.
Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација