Македонија
22. јуни 2021 - 15:00

Приведен криминалец по распишана потерница за издржување затворска казна

На подрачјето на Центар полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги вчера го лишија од слобода Д.П.(27) од Скопје, кој се барал по распишана централна потерница за издржување на затворска казна, соопштија од МВР.

Д.П. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната за извршени кривични дела во врска со недозволена трговија со дрога, оружје и разбојништво.