Македонија
18. November 2020 - 18:04

Приведен криминалец осуден на скоро седум години затвор

Денеска (18.11.2020) во 12:50 часот на ул. Јане Сандански во Неготино полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потраги го приведоа Ј.Н. (38) од Скопје кој се барал со потерница од
Основен суд Скопје 1, за издржување казна затвор од шест години и девет месеци. Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправна установа.