Македонија
8. August 2021 - 10:51

Приведен криминалец баран по централна потерница

На 07.08.2021 во 19.15 часот на паркинг позади Народна Банка на РСМ, по распишана потерница и наредба од Казнено-поправната установа Затвор Куманово, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода – Отсек потраги го лишиле од слобода М.Х.(52) од Скопје за доиздржување казна затвор од две години и три месеци. Тој бил приведен по претходно добиени сознанија дека околу 18.00 часот остварил илегален влез во Република Северна Македонија од Косово, каде што престојувал подолг период.

Инаку, М.Х. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти. Тој бил претходно осудуван и одлежал околу 20 години затворска казна. Тој бил предаден во Полициската станица Центар за понатамошна постапка од каде ќе биде спроведен во казнено-поправна установа.