Македонија
26. September 2022 - 9:37

Приведен крадец во Велес, одземеното вратено на сопственикот

На 25.09.2022, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.Д.(20) од Велес. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „тешка кражба“, односно дека во периодот од 23.09.2022 до 25.09.2022 со употреба на алат влегол во куќа на ул.„Стеван Богоев“ во Велес, сопственост на Ш.Р.(82) од Петровец и одзел повеќе предмети.

Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.