Македонија
15. January 2021 - 10:21

Приведен крадец од Скопје, расчистени три тешки кражби

На 14.01.2021 во 21.25 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.Р.(41) од Скопје, поради тоа што извршил три тешки кражби во продажни објекти во трговски центар на подрачјето на Карпош.
Украдените предмети му биле одземени, а тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 236 од Кривичниот законик – „тешка кражба“.