Македонија
9. January 2019 - 12:48

Приведен крадец од Прилеп, украдените мобилни телефони во вредност од околу 400.000 денари вратени

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против Г.Д.(47) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Во периодот од 06.01.2019 година до 08.01.2019 година пријавениот со употреба на сила влегол во продавница за мобилни телефони на улица „Јане Сандански“ во Прилеп и одзел кутија со мобилни телефони, како и друга галантерија за мобилни телефони, по што побегнал.

По пријавување на настанот, полициски службеници презеле мерки за расчистување на случајот. На 08.01.2019 година бил извршен претрес во домот и други простории кај пријавениот, при што биле пронајдени украдените предмети со вкупна вредност од 396.350 денари.

Исто така, покрај предметите од ова кривично дело, при претресот бил пронајден лап топ, кој бил пријавен за украден на 05.01.2019 година. Пријавениот, кражбата ја извршил во продажен салон на улица „Кеј 1 Мај“ во Прилеп во периодот од 04-05.01.2019 година.

Сите украдени предмети се вратени на сопствениците.