Македонија
23. February 2021 - 10:30

Приведен крадец од Гостивар, расчистени пет кривични дела

Полициски службеници на СВР Тетово вчера уапсиле 22-годишник од Гостивар поради сомнение дека во последниве два месеца извршил пет кражби и тешки кражби, од кои три во моторни возила.

- Вчеравечер (22.02.2021) околу 19.30 часот на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 22-годишниот гостиварец Ф.Н., поради сомнение дека во последниве два месеца во Гостивар извршил пет кражби и тешки кражби, од кои три во моторни возила, соопштуваат од МВР.

Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.