Македонија
13. August 2022 - 15:13

Приведен крадец од Албанија, фатен при кражба во Мала Речица

– Полициски службеници од СВР Тетово утрово во 2.50 часот во тетовското село Мала Речица го лишиле од слобода А.Г.(32) од Албанија.

Како што информира МВР, тој бил затекнат при извршување на кривично дело „кражба“ од куќа во село Мала Речица, сопственост на А.Д.(33) од истото село.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.