Приведен косовец, пронајдени седум мигранти на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка
Косовец во „голф 7“ превезувал мигранти од Индија, Пакистан, Непал и Бангладеш. Полицијата го уапсила, мигрантите се префрлени во транзитниот центар-Табановце и прифатниот центар за странци-Скопје, информираше денеска МВР.
- Вчера околу 20 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија-Куманово и мобилната единица за компензаторни мерки го лишиле од слобода Ф.Ш.(26) од Косово, затоа што при извршен преглед на патничко возило „голф 7“ со косовски национални ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени седум лица-мигранти, од кои три од Индија, две од Пакистан и по едно од Непал и Бангладеш.
За случајот бил известен јавен обвинител, мигрантите биле пренесени во транзитниот центар-Табановце и прифатниот центар за странци-Скопје и по целосното документирање на случајот, против Ф.Ш. ќе следи соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство