Македонија
15. January 2022 - 16:55

Приведен Косовец - ја истепал сестра си и нелегално престојувал во Македонија

Полицијата лиши од слобода Косовец кој нелегално престојувал во Македонија ја истепал сестра си.

- На 15.01.2022 во 00.40 часот од полициски службеници од СВР Тетово, во Тетово бил лишен од слобода Е.Б.(26) од Косово, кој претходно физички ја нападнал неговата сестра, при што било констатирано и дека нема пријавен престој во државата, велат од МВР.

Тој бил приведен и задржан во полициска станица, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.