Македонија
26. March 2019 - 10:37

Приведен Косовар на скопскиот аеродром

Косовар фатен на граница со лажна лична карта.  Како што стои во билтенот на МВР, вчера  во 05.30 часот на Граничен премин „Аеродром-Скопје“, при контрола и проверка  било констатирано дека француската лична карта на И.П.(25) од Косово била фалсификувана. Тој бил приведен во полициска станица, по што дал други лични податоци за себе, односно дека е И.В.(24) од Косово. Подоцна  бил предаден на инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.