Македонија
30. December 2018 - 10:56

Приведен кочанец на Табановце, бил баран со потерница

Синоќа во 23,55 часот во Полициската станица за Граничен премин Табановце на излез од Р.Македонија, при извршена пасошка контрола констатирано било дека лицето Д.М.(34) од Кочани се барало по телеграма од МВР-Одделение за потраги.

Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка