Македонија
23. September 2022 - 16:16

Приведен кичевец кој со пиштол му се заканувал на сограѓанин

Вчера во 16.50 часот на ул.„Мехмед Мехмеди“ во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода А.Р.(68) од Кичево, затоа што претходно на локален пат во с.Грешница, кичевско, со пиштол му се заканил на И.Е.(68) од Кичево.

- Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.