Македонија
11. July 2018 - 19:55

Приведен градоначалникот на Општина Ново Село поради шверц на цигари – полицијата стрелала од огнено оружје

Актуелниот градоначалник на општина Ново Село Боро Стојчев е приведен поради шверц на цгари.   Заедно со Стојчев приведени се уште четири лица.  Акцијата била спроведена синоќа околу 19 часот во непосредна близина на селото Баделен. Таму полициски службеници ги запреле двете возила во кои се откриени цигарите. Возилата во кои се наоѓале 66 картонски кутии со околу 3.300 штеки цигари, во вредност од  над три милиони денари биле откриени и запрени на два километри од граничниот камен. Едно од возилата го управувал токму 54 годишниот Стојчев.

,, Во едното возило имало 29 кутии со по 50 штеки и една кутија со 49 штеки цигари, а било управувано од страна на Б.С. (54), со сопатник Ј.С.(49) од с. Ново Коњарево. Во другото возило управувано од Г.С. (24) со совозач С.В (26)  од с. Ново Коњарево,биле натоварени 35 штеки цигари и една кутија со 49 штеки цигари и една штека со девет кутии.
При преземањата на потребните мерки и дејствија лишено од слобода е и лицето М.Т (52) од с.Самоилово, кој управувал моторцикл  без регистарски  таблици.

Додека траела контролата на полицијата едно од лицата се обидело да побегне поради што полициските службеници биле принудени да пукаат во воздух како предупредување.

 ,, При превземање на мерки во обид за бегство  на второто возило, од страна на полициски службеници биле испукани два предупредувачки куршуми. Извршен е увид од страна на СВР Струмица во присуство на Јавен обвинител. ,, додаде Рендевска

 Сите пет лица се лишени од слобода и задржави во СВР Струмица, а пронајдените цигари одземени. Од страна на обвинителството за четворица од петте лица побарана е мерка притвор додека за едно поради здравствени причини  куќен притвор и одземање на патната исправа.