Македонија
18. March 2020 - 11:19

Приведен гостиварец поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

Полициски службеници на СВР Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар вчера во Добридол го лишиле од слобода В.Џ.(57) затоа што при контрола спроведена со Државниот пазарен инспекторат во неговата кафетерија биле затекнати 12 гости.

Од МВР соопштуваат дека тој постапил спротивно на владината одлука и мерките и препораките за заштита од вирусот Ковид-19 и сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, по член 206 од Кривичниот законик.

В.Џ. е задржан во Полициска станица Гостивар и во текот на денот со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.