Македонија
15. October 2017 - 17:33

Приведен гласач кој направил фотографија со гласачкото ливче

Гласач кој со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче бил приведен во полициската станица во Ѓорче Петров.

- Д.С. со мобилен телефон го фотографирал ливчето при гласањето на гласачкото место 2576/1 во ОУ „Ѓорче Петров“. Поради овој инцидент гласањето на избирачкото место било во прекин 5 минути, информираат од МВР.