Македонија
14. March 2021 - 11:49

Приведен е Орце Камчев

По информации од Агенцијата за национална безбедност, АНБ, дека Орце Камчев сака да бега од земјава, тој утринава бил приведен во ПС Карпош. 

Обвинителката Вилма Рускоска за Сител ја потврди информацијата и рече дека за тоа ги информирала АНБ по што Обвинителството ќе побара притвор за Камчев за случајот "плацеви на Водно". 

Во моментов, Камчев е на распит пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд. 

Обвинителката Рускоска вели дека наскоро ќе пристигне и обвинителката Лиле Стефановска која го води предметот.

 

Зоран Јаневски