Македонија
13. July 2020 - 20:36

Приведен е директорот на ЗОО поради објава на Фејсбук да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

Директорот на Зоолошката градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски попладнево бил приведен во Секторот за економски криминал поради објава на неговиот профил на Фејсбук.

Објавата денеска на големо се споделува на социјалната мрежа, а во неа, се повиквуаат гласачите кои сакаат да гласаат за една партија да го чкртнат името „Северна“ на гласачкото ливче.