Приведен дилер во Скопје, запленета дрога
Вчера (02.12.2020) во 19.00 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.М.(40), кој на подрачјето на Ѓорче Петров нудел за продажба марихуана. Е.М. бил пресретнат од страна на инспектори од Единицата за недозволена трговија со дрога, кои при негов преглед, пронашле и одзеле ќеса со марихуана, која му била подготвена за понатамошна продажба.
Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропно супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
Битиќи: За една недела ќе се знае дали угостителските објекти ќе работат по 21 часот
-
Дедо бил физички нападнат од внук во кавадаречко село
-
Фрчкоски: Двајца мои студенти од Велес станаа милионери со ширење лажни вести за Трамп
-
Д-р Караџовски: Уште сум во болница, но со подобрување
-
Кинеските Синофарм и Синовак сакаат да бидат дел од Ковакс
-
Во Грција потврдени вкупно 26 случаи на новиот вид коронавирус
-
368 санкции за неносење маска во изминатото деноноќие
-
Во САД регистиран нов вид на коронавирус кој може да биде поотпорен на вакцината