Македонија
13. October 2021 - 10:25

Приведен дилер од тетовско за издржување затворска казна

Тетовските полицајци вчера во 21:10 часот во Желино привеле 33 годишник од тоа место кој се барал за издржување затворска казна за сторено кривично дело  „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Тој бил осуден на една година затвор.

– Службенци од Полициското одделение Групчин – СВР Тетово, врз основа на наредба од Основен суд Тетово, го привеле Ф.О.(33) од с.Желино за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
 
Осуденикот бил спроведен до Казнено-поправната установа Затвор – Тетово за издржување на казната.