Македонија
5. August 2021 - 19:36

Приведен дилер од Тетово

Денеска (05.08.2021) во 15.50 часот на наплатна рампа Желино од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Тетово, лишен е од слобода В.К. од Тетово. 

При преглед кај него биле пронајдени и одземени над 100 грама кокаин и пакување хашиш. Тој е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.