Македонија
13. April 2021 - 16:16

Приведен дилер од кумановско

 

Полициски службеници од СВР Куманово денеска го лишија од слобода Б.Ј.(36) од с.Табановце, затоа што при извршена контрола во патничко возило „форд фокус“, со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана.

Лицето е приведено и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.