Македонија
15. April 2021 - 17:44

Приведен дилер на хероин во Кичево

Денеска (15.04.2021) во 15.30 часот на ул.„Нико Пушоски“ во Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода З.Б.(39) од Кичево, затоа што при извршен преглед кај него се пронајдени и одземени 44 пакувања хероин.

Лицето е приведено во полициска станица и за настанот е известен Јавен обвинител од ОЈО Кичево. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.