Македонија
15. July 2019 - 19:17

Приведен Бојан Јовановски, обвинителството бара притвор за две лица за изнуда на пари

Боки 13 барал 8 милиони евра од лице под истрага на јавно обвинителство, откри обвинителството за организиран криминал по приведувањето на сопственикот на 1тв на граничниот премин Богородица.

Заедно со второ осомничениот бузнисмен Зоран Милески познат како Зоки Кичеец, ветувале олеснување на постапката во едно јавно обвинителство ако осомничениот ја исплатти големата сума пари.

Случајот бил пријавен од жртватана 2ри мај годинава,  откако со двајцата осомничени бил постигнат договор наместо 8 да исплати 5 милиони евра на 4 месечни рати. Првиот дел од парите- милион ипил евра веќе му биле усплатени на осомничениот Бојан Јовановски.

Обвинителството сега ги терети за примање нагерада за против законско влијание и перење пари и бара на двајцата да имнс е одреди мерка притвор.

- Од ноември 2018 до април 2019 првоосмничениот  искористувајќи го своето влијание врз јавен обвинител влијаел да се изврши дејствие со кое во истрражна постапк аќе се олесни положбата на едно осомничено лице во таа постапка а вторососмничениот придонел со тоа што договарал средби . На тие средби осомничените ги увериле сведоците во влијанието на првоосмничениот врз јавниот обвинител и за последувањето во два наврати примиле 1.5 милиони еврас. Средбите се одржувале на повеќе места, во домот на сведоците но и во домот на првоосомничениот, соопшти Вилма Рускоска 

Откако се посомневале дека средбите со него може да бидат компромитирани, веќе не одржувале средби .

Обвинителите не откриваат на кој јавен обвинител се повикувале Јовановски и Милески.

Против ниту еден засега не се води постапка и никој не е сослушан. Прашан дали е случајна коинциденција денешната оставка на специјалната јавна обвинителка, Јовески одби да коментира.

Обвинителите ги охрабрија сите кои биле рекетирани да се јават во јавното обвинителство.

Осомничените во овој случај со месеци биле следени со посебни истражни мерки.

Судија на претходна постапка ќе требва да одлучи дали ќе определи мерка притвор. Двете денешни апсења се случија на граничниот премин Богородица каде беше приведен Јовановски и во еден скопски ресторан каде се наоѓал осомничќениот Милески.