Македонија
18. јуни 2021 - 16:38

Приведен битолчанец, при претрес пронајдени кокаин и марихуана

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола денеска го лишиле од слобода И.С.(26) од Битола, поради постеоње основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, соопшти МВР.

– Имено, по добиена судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во дом, други простори и возила кои ги користи И.С., при што биле пронајдени и одземени 16 пакувања кокаин, две пакувања марихуана, електронска вага, предмети со траги од кокаин и пари, се наведува во соопштението на Министерството.

За случајот е известен Јавен обвинител од ОЈО Битола, до каде против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.