Македонија
28. јуни 2021 - 16:06

Приведен битолчанец кој нападнал млада девојка и украл телефон и чанта

Вчера полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода К.И.(25) од Битола, затоа што во угостителски објект на Градското шеталиште во Битола физички ја нападнал С.Г.(20) од Битола и ѝ одзел телефон и чанта, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.