Приведен беровчанец кој лажел дека е грабнат за да земе 10.000 евра од својот татко
На 15.01.2021 полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Берово го лишија од слобода М.П.(29) од с.Будинарци, беровско, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „изнуда“. Тој во текот на вчерашниот ден самоволно измислил и фингирал сопствено наводно грабнување, за кое изјавил дека го сторил од финансиски причини.
Имено, неговиот татко Д.П.(57) вчера околу 18.00 часот во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово пријавил дека добил смс-порака од телефонот на неговиот син, со која се барало изнуда од 10.000 евра за да биде пуштен неговиот син. Според пријавеното, порака со слична содржина на апликацијата „месинџер“ добила и неговата снаа М.П. Во координација со Јавен обвинител и во соработка со полициски службеници од СВР Штип биле преземени мерки и активности, а на разговор биле повикани Љ.П., брат на пријавениот и М.П., сопруга на пријавениот, чиј мобилен телефон со потврда бил привремено одземен.
Малку подоцна Д.П. пријавил дека откако ги оставил парите на наведената локација, М.П. се вратил дома, по што и тој бил повикан на разговор во просториите на ОВР Берово, при што го признал делото, а предметните парични средства биле пронајдени и вратени на неговиот татко.
По целосно комплетирање и документирање на настанот, до Основното јавно обвинителство Кочани ќе биде изготвен и доставен поднесок по чл.258 од Кривичниот законик – „изнуда“.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО