Македонија
12. November 2020 - 18:10

Приведен бегалец од затвор за издржување казна од 10 години

Денеска  (12.11.2020) во 15:45 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за потрага на ул. Востаничка во Скопје го приведе И.Ј. (37) кој се барал по потерница од КПУ - Затвор Идризово, во врска со чл.187 ст.1 КЗ на РСМ за издржување на казна затвор од 10 години, бегство од затвор за доизлежување затворска казна од шест години и пет месеци.

И. Ј. ќе биде предаден на КПУ-Затвор Идризово.