Македонија
31. August 2020 - 11:59

Приведен албански државјанин на ГП „Деве Баир“ поради фалсификувана патна исправа

Вчера во 15.35 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, при извршена контрола на патна исправа на Л.П.(43) од Р.Албанија, кој патувал со автобус, било констатирано дека недостасуваат страници. Поради постоење основи на сомнение за обид за извршено кривично дело „фалсификување на патна исправа“ тој бил лишен од слобода и бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.