Приведен 70-годишник од Штип, во возило превезувал 21 мигрант
Синоќа околу 01,00 часот во с.Матејче-кумановско, полициски службеници од Полициското одделение Матејче дале знак да застане патничко моторно возило “рено еспејс“ со штипски регистарски ознаки, но истото продожило да се движи кон с.Отла. По кратко време на ул.„11-Ноември“ во Куманово, од полициски службеници од СВР Куманово возилото било сопрено, при што било констатирано дека е управувано од Д.Ј.(70) од Штип, стои во соопштението од МВР.
Во возилото се превезувале 21 мигрант и тоа од Сирија, Авганистан, Пакистан и Бангладеш, од кои 10 малолетни лица.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Куманово.
Д.Ј. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка, а мигрантите биле сместени во Транзитен центар Табановце.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела