Приведен 61 годишник поради пукање во тетовско Камењане
Шеесет и едногодишник од тетовско Камењане е приведен откако полицајци слушнале пукале и при проверка наишла на група луѓе на тераса од објект. Настанот се случувал околу 22 часот во објект во близина на клучката за Камењане од автопатот.
-Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 61-годишниот Н.А. од ова село, кој од тераса на објект каде престојувал со уште неколку лица, се сомничи дека со пиштол испукал неколку куршуми. Пиштолот „ЦЗ“ калибар 7,62 милиметри со рамка со 3 куршуми куршуми, кој Н.А. го поседувал без дозвола е фотодокументиран и одземен, а тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок, информира Марјан Јосифоски од СВР Тетово
Во петокот поради истрели во воздух од семејна веселба во населбата Дреноец заталкан куршум оштети возило.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација