Македонија
1. September 2020 - 12:05

Приведен 61 годишник поради пукање во тетовско Камењане

Шеесет и едногодишник од тетовско Камењане е приведен откако полицајци слушнале пукале и при проверка наишла на група луѓе на тераса од објект. Настанот се случувал околу 22 часот во објект во близина на клучката за Камењане од автопатот.

-Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода  61-годишниот Н.А. од ова село, кој од тераса на објект каде престојувал со уште неколку лица, се сомничи дека со пиштол испукал неколку куршуми. Пиштолот „ЦЗ“ калибар 7,62 милиметри со рамка со 3 куршуми куршуми, кој Н.А. го поседувал без дозвола е фотодокументиран и одземен, а тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок, информира Марјан Јосифоски од СВР Тетово

Во петокот поради истрели во воздух од семејна веселба во населбата Дреноец заталкан куршум оштети возило.