-->
-->
Приведен 51-годишен маж по пронајдена дрога при претреси во неговиот дом и деловен објект во Куманово
-->
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија и оружје при СВР Куманово, вчера го лишиле од слобода Б.Б.(51) од Куманово.
Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом во Куманово, извршен по судска наредба, биле пронајдени марихуана, хероин, амфетамин, кокаин и поголема сума на пари во различни валути. Дополнително, при претрес во неговиот деловен објект во Куманово бил пронајден хероин.
Б.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава до надлежното обвинителство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна