Македонија
12. April 2022 - 15:49

Приведен 47 годишник од Демир Капија, со службен пиштол му се заканувал на братот

Полициски службеници од Полициската станица Неготино вчера го лишиле од слобода Т.Л.(47) од Демир Капија, затоа што со службениот пиштол, сопственост на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде што работи, му се заканил на неговиот брат. За ова денеска информираа од СВР Велес.

– Т.Л. бил приведен во полициска станица, а при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени пиштолот, 1 рамка со 9 куршуми 7.62 ммм и службена легитимација од Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија – шумски полицаец, појаснија од СВР Велес.