Македонија
22. July 2021 - 14:27

Приведен 43-годишен скопјанец поради обид за тешка кражба

На 22.07.2021 од страна на полициски службеници од Полициска станица Центар е лишен од слобода З.Т.(43) од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба во обид“ од продажен објект во трговски центар на подрачјето на Центар, сопственост на Љ.Г.(70).  
Тој бил приведен во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.