Македонија
15. December 2020 - 9:56

Приведен 41-годишен дилер од Скопје

Вчера во 18.20 часот на подрачје на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Џ.(41) од Скопје, бидејќи кај него е пронајдена марихуана, односно поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.