Македонија
12. November 2021 - 9:58

Приведен 40 годишен крадец од Скопје, расчистени три кривични дела

На 11.11.2021 во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода Д.К.(40) од Скопје, поради сомнение дека претходно со употреба на сила влегол во градинка на ул.„Рокомија“ и одзел разни предмети.

Тој бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото, а признал уште две кривични дела „тешка кражба“ и една „тешка кражба во обид“ во градинка.

Од него биле одземени предмети кои потекнуваат од кривичните дела и ќе бидат вратени на сопственикот. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.