Македонија
19. December 2020 - 16:15

Приведен 35-годишник за напад врз сопругата

На 18.12.2020 година, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Т.М.(37), поради тоа што физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга. Тој бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.