Македонија
29. January 2023 - 9:07

Приведен 35 годишен тетовец - физички ја нападнал сопругата

Тетовец е приведен поради физички напад врз сопругата, информираа вчера попладнето од Министерството за внатрешни работи.

– Во тетовско село, синоќа во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода В.К., на возраст од 35 години, постапувајќи по пријава, според која околу 19 часот во селото, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал неговата сопруга, појаснуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.