Македонија
8. May 2021 - 11:57

Приведен 32-годишен крадец од Скопје

Вчера во 13.00 часот на ул.„Вамбел“ од полициски службеници од Полициската станица Гази Баба бил лишен од слобода Д.Џ.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека околу 12.40 часот со закана кон вработената одзел повеќе производи од продажен објект, информираат од МВР.

Тој бил приведен, а украдените производи биле пронајдени и  вратени на сопственикот.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.