Приведен 28 годишник од скопско,во возилото пронајдени мигранти од Куба
Во текот на вчерашниот ден, при контрола на моторно возило управувано од 28 годишник од скопско биле пронајдени мигранти од Куба.
На 26.11.2021 во 21.50 часот во близина на Гевгелија од полициски службеници од полициска станица Богородица е лишен од слобода Е.Ц. (28) од с.Долно Коњари, скопско, кој управувал патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, во кое при контрола се пронајдени Р.С.Х. (37), Ц.С.Ј.П. (26) и В.Ц.Д. (25), сите од Куба, за кои по извршените проверки во службената евиденција е констатирано дека немаат остварено легален влез во државата. Известен е јавен обвинител, мигранти се предадени на полициски службеници од полициска станица Богородица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април