Македонија
11. September 2021 - 10:45

Приведен 27-годишен скопјанец кој имал пиштол без дозвола

На подрачје на Бит Пазар вчера во 17:20 часот од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода Б.А.(27) од Скопје.

Откако сопреле патничко моторно возило „ауди А7“ со скопски регистарски ознаки, пријавениот излегол од возилото и се дал во бегство, но бил фатен и при преглед кај него е пронајден пиштол „ЦЗ 9мм“, две рамки со по седум куршуми кал.9мм без дозвола за поседување, мобилен телефон и други предмети, соопшти Министерството за внатрешни работи.

По документирање на случајот, како што се посочува, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, стои во соопштението.