Македонија
1. May 2021 - 14:24

Приведен 25-годишник од тетовско за издржување затворска казна

На 30.04.2021 во 17.15 часот на ул.„Видое Смилиевски-Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, по претходно добиена наредба од Основен суд Тетово го лишиле од слобода Н.Б.(25) од Тетово, кој се барал за издржување на казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Тетово. 

Н.Б. бил приведен во полициска станица, а потоа и спроведен во Затворот во  Тетово за издржување на затворската казна.