Македонија
11. јуни 2021 - 16:39

Приведен 24 годишник откако со возило удрил полициски службеник

На 10.06.2021 околу 15.00 часот на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода М.Б.(24) од Скопје, затоа што не почитувал дадена наредба и со патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил полициски службеник.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.