Македонија
8. January 2018 - 12:03

Приведен 24-годишник кој фрлил пластично шише со запалива течност во куќа во Струга

Дваесет и четиригодишниот стружанец М.Ш. е приведен за натамошна постапка поради тоа што синоќа околу 19.30 часот фрлил пластично шише со непозната запалива течност во куќа на ул. „Муртеза Татар“ во Струга, сопственост на А.Р. (63), при што била оштетена влезната врата.

МВР информира дека полициски службеници излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.