Приведен 21-годишник од Скопје, извршил 33 кражби во Битола и Охрид
Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при Oдделението за криминалистичка полиција во СВР Битола, во координација и содејство со полициски службеници од Отсекот за општ криминал при Одделението за криминалистичка полиција во СВР Охрид на 06.03.2021 го лишиле од слобода Р.М.(21) од Скопје поради сомнение дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ на подрачјето на Битола и Охрид.
По целосно документирање на случајот, СВР Битола и СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, против осомничениот ќе поднесенат кривични пријави за вкупно 33 кривични дела.
Од нив 23 ги извршил во Битола, односно две кривични дела „тешка кражба“ во продавница, две кривични дела „тешка кражба“ на велоспипед, две кривични дела „кражба“ на велосипед и 17 кривични дела „тешка кражба“ во патнички возила, додека, на подрачјето на Охрид извршил вкупно 10 кривични дела, од кои две кривични дела „тешка кражба“ на велосипед и осум кривични дела „тешка кражба“ во патнички возила.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот