Македонија
22. January 2021 - 12:03

Приведен 18 годишник откако бил затекнат како употребува марихуана

На 22.01.2021 околу 01.10 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле гостиварецот О.Б.(18), кој бил затекнат како употребува марихуана.

Од МВР денеска информираа дека тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.